АЕК најави нов тендер за 4Г

Bez autora
Dec 02 2012

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) не се обесхрабрува што пропадна тендерот за користење на радиофреквенции од страна на операторите за четвртата генерација мобилни телефони - 4Г, туку има намера наскоро да распише нов, но со променети услови. Овој пат, фреквенцискиот опсег од 800 мегахерци што ќе се ослободи со дигитализацијата на радиодифузниот простор ќе го подели подеднакво на трите мобилни оператори. Со претходниот тендер фреквенциите се нудеа на аукција со цел да се постигне повисока цена. AЕК наскоро ќе распише нов тендер за што сме во комуникација со операторите и оптимист сум дека овој пат тендер ќе успее. Граѓаните од септември 2014 година ќе можат да ги користат бенефитите од новата генерација мобилни телефони која нуди одлични супериорни перформанси и со сите нови телефони што ќе се продаваат во Македонија се 4Г практично ќе можат максимално да се искористат перформансите во таа мрежа.

АЕК најави нов тендер за 4ГАгенцијата за електронски комуникации (АЕК) не се обесхрабрува што пропадна тендерот за користење на радиофреквенции од страна на операторите за четвртата генерација мобилни телефони - 4Г, туку има намера наскоро да распише нов, но со променети услови.

Овој пат, фреквенцискиот опсег од 800 мегахерци што ќе се ослободи со дигитализацијата на радиодифузниот простор ќе го подели подеднакво на трите мобилни оператори. Со претходниот тендер фреквенциите се нудеа на аукција со цел да се постигне повисока цена.

- АЕК наскоро ќе распише нов тендер за што сме во комуникација со операторите и оптимист сум дека овој пат тендер ќе успее. Граѓаните од септември 2014 година ќе можат да ги користат бенефитите од новата генерација мобилни телефони која нуди одлични супериорни перформанси и со сите нови телефони што ќе се продаваат во Македонија се 4Г практично ќе можат максимално да се искористат перформансите во таа мрежа - изјави директорот на АЕК, Роберт Орданоски кој очекува до 1 септември 2013 година Македонија да има 4Г мрежи.

Тој најави дека во вторник, наредната недела во Брисел ќе се одржи состанок за иницијативата што АЕК ја поднесе до Европското регулаторно тело БЕРЕК за намалување на роаминг-цените за македонските граѓани.

- Разговорите ќе се водат со Генералниот директорат за комуникациски мрежни содржини и технологии при што треба да се создаде правна рамка за меѓународен роаминг за Македонија со Договорот за стабилизација и асоцијација. Очекувањата се цените на роамингот да се намалат за четири до шест пати - вели Орданоски.

Меѓу клучните проекти на АЕК е и драстичното намалување на цените во мобилната телефонија. Од 1 септември 2013 година големопродажните цени во мобилната телефонија ќе бидат намалени, односно ќе изнесуваат 1,2 денари.

- Со таквото драстично намалување на големопродажните цени се очекува и значително намалување на малопродажните цени - вели Орданоски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik